26.08.2023 Скопје
Тајванските власти известија дека во последните 24 часа биле забележани 20 авиони на кинеското воздухопловство во зоната за идентификација на воздушната одбрана.
Меѓу нив, известува Министерството за одбрана, некои необјавени борбени и шпионски беспилотни летала идентификувани во лет долж источниот брег на островот.
Покрај борбениот дрон ТБ-001, познат во Кина како „дуплоопаш скорпија“ и дронот за набљудување БЗК-005, Министерството извести за присуство на борбени авиони Ј-10 и Су-30, како и на борбени авиони, противподморнички и извидувачки авиони.
Во текот на вчерашниот ден, јапонското Министерство за одбрана објави дека испраќа два борбени авиони за следење на два кинески воени беспилотни летала, вклучително и БЗК-005 и уште еден неидентификуван дрон, забележан меѓу островот Јонагуни во префектурата Окинава и Тајван.
Подготвено од М.Н.