kina minister za odbrana

14.08.2023 Скопје

Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу од 14 до 19 август ќе ги посети Русија и Белорусија, соопшти портпаролот на кинеското Министерство за одбрана, Ву Чиан.

Министерот за одбрана на Кина оваа посета ја организира на покана на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу и министерот за одбрана на Белорусија Виктор Кренин.

Членот на Државниот совет на Народна Република Кина и министер за одбрана Ли Шангфу од 14 август до 19 август ќе ја посети Русија, каде што ќе биде дел од 11-тата Московска конференција за меѓународна безбедност, а потоа ќе отпатува во официјална посета на Белорусија, соопшти Чиан.

Подготвено од М.Н.

About Author