29.08.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи на Аргентина Сантијаго Кафиеро денеска во Токио се сретна со јапонскиот премиер Фумио Кишида, по повод 125 години дипломатски односи меѓу двете земји.
Двете земји ја консолидираат билатералната врска со посветеност да ја зголемат технолошката соработка и да го зајакнат јапонското присуство во инвестиции во сектори како што се агробизнисот, енергијата и рударството, соопшти Кафиеро на социјалната мрежа Х.
Двете страни, се наведува во соопштението на аргентинското Министерство за надворешни работи, ги процениле можностите во стратешките сектори со потенцијал за развој на нови бизниси, како што се водородот и неговите деривати, преработката на литиум, како и потенцијалот во конвенционалните сектори како нафта и природен гас.
Во текот на утрешниот ден, Кафиеро ќе учествува на работен ручек со членовите на заедничкиот аргентинско-јапонски бизнис комитет, во кој ќе се разговара за можностите за инвестирање што ги нуди Аргентина во различни продуктивни сектори на стоки и услуги.
Подготвено од М.Н.