21.08.2023 Скопје
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, од утре до 25 август ќе биде дел од летната академија „Quo vadis Europa?” која се одржува во Сантандер, Шпанија.
Летната академија во Шпанија е организирана од високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Џозеп Борел и Меѓународниот универзитет Менендез Пелајо.
Министерот Османи ќе има свое обраќање на панел посветен на проширувањето и соседството, со фокус Западен Балкан и неговиот пат кон Европската Унија, соопшти МНР.
На агендата на Министерот Османи во Сантандер, на маргините на летната академија се и бројни билатерални средби со неговите колеги, меѓу кои со шефот на европската дипломатија, Борел и на Литванија, Ландсбергис, стои во соопштението на МНР.
Подготвено од М.Н.