https://www.facebook.com/photo/?fbid=869642451183744&set=pb.100044139924327.-2207520000.

23.08.2023 Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е во работна посета на Шпанија се сретна со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

Министерството за надворешни работи соопшти дека во фокусот на разговорите биле европското досие на Република Северна Македонија, при што Министерот Османи го брифирал Борел за текот на парламентарната дебата со цел усвојување на уставните измени, како преземена обврска за непречен пат на земјата кон полноправното членство во ЕУ.

Од Министерството за надворешни работи додаваат дека министерот Османи го уверил Борел за максималните напори што Владата ги прави за европеизација на целокупниот политички систем преку веќе утврдените неопходни реформи, рефлектирани и во позитивните извештаи на Европската Комисија.

Министерот го поздравил и новиот План за развој на Европската комисија како навремен одговор на нашето барање за повеќе интеграција и бенефити за нашите граѓани долж патот кон пристапно членство.

Од МНР истакнаа дека Османи и Борел размениле мислења и за други актуелни теми, со акцент на последните случувања во регионот, а станало збор и за соработката меѓу Унијата и ОБСЕ, со која претседава министерот Османи.

Подготвено од М.Н.

About Author