16.08.2023 Скопје
Во Босна и Херцеговина нема опасност од војна, изјави претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ за време на церемонијата на доделување награди на баталјонот „Поскок“ во градот Широки Бријег, Босна и Херцеговина.
Одговорноста на Загреб е да се погрижи правниот систем во Босна и Херцеговина да не пропадне и секој конститутивен народ да има еднакви права, истакна шефот на хрватската држава.
Српските медиуми пак, јавуваат дека истиот баталјон е поврзан со воените злосторства извршени врз босанските војници и цивили од Младен Налетилиќ Тута, кој е осуден на 20 години затвор за воени злосторства од Меѓународниот трибунал во Хаг.
Според белградските медиуми, Тута командувал со нападот на две села кај Јабланица во 1993 година со учество на единиците на баталјонот „Поскок“.
Подготвено од М.Н.