https://www.facebook.com/photo.php?fbid=915484096609848&set=pb.100044447978953.-2207520000&type=3

24.08.2023 Скопје

Фудбалерите на Интер од Мајами се пласираа во ново, второ финале откако во нивните редови стигна аргентинецот Лионел Меси.

Меси овојпат не се запиша во листата на стрелците, но двапати беше асистент во головите на еквадорскиот интернационалец Леонардо Кампања.

Интер го совлада Синсинати на пенали со 5:4, во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 2:2, а 3:3 по продолженијата во полуфиналето на УС Опен купот.

Клубот од Мајами во финалето на ова натпреварување ќе игра против Хјустон Дајнамо кој славеше против Реал Солт Лејк по двете продолженија со 3:1.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *