07.08.2023 Скопје
Херој на Интер Мајами, Леонел Меси, го пласираше клубот во четвртфиналето од Лига Купот на Северна и Централна Америка откако на пенали со 5:3 (4:4) беа подобри од Далас.
Меси ги постигна првиот и последниот гол на натпреварот, а беше прецизен и од белата точка во пенал рулетот.
Херојот на Интер Мајами го отвори резултатот уште во шестата минута по асистенција од Жорди Алба за потоа пред крајот на натпреварот со мајсторски гол од слободен удар да израмни на 4:4.
Далас на двапати претходно имаше водство од два разлика со 3:1 и 4:2, но не успеа да се одбрани од силниот ривал на натпреварот.
Во пенал серијата фудбалерите на Интер Мајами ги реализираа сите пет удари, додека играчите на Далас погодија три од четири.
Подготвено од М.Н.