https://www.flickr.com/photos/136668338@N03/35135629475/in/photolist-VwPhx6-ULb69w-ahXZLE-5niokt-5nnDsE-2kYp3RJ-2kYitbD-2kYit9e-pGSEt7-2n8aX3z-2kYp3Ue-2kYit1y-2kYeXFJ-6eZPNx-6eZPQg-bZMmQC-bZMn1h-xZzgxw-bSbh6c-bSbh5g-bSbh5r-bZMmH5-8zsGuH-2m1r8kN-9pybT6-2m1pF1e-2m1kENf-2m1pF2g-2m1pF4L-2m1kEQz-2m1h2AS-2m1kEV9-2m1r8Va-2m1r8Wn-2m1kEYa-5nnE2N-8J2gfF-2m1h2E9-2m1r8Ym-2m1r93j-2m1h2Go-bSPrnT-9pybyB-bSPrkD-bSPre8-9pBduQ-8CGnTh-8ByCKA-fkJCXG-bSDj8F

12.08.2023 Скопје

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, најави дека до крајот на годинава ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг и со рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот истакна дека српскиот ентитет „не е изолиран“ и дека има „пријатели“, додавајќи дека до крајот на месецот ќе се види и со шефот на српската држава Александар Вучиќ и со унгарскиот премиер Виктор Орбан, како и да разговараат наскоро со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Накратко, Додик се обиде да идентификува група „пријателски земји“ корисни за да покаже како Република Српска има партнери кон кои треба да се обрати, но се поочигледно е дека, Белград, Москва и Пекинг се главните меѓународни референци за Бања Лука.

Претседателот Додик е во постојан конфликт со меѓународниот висок претставник и во очигледен обид јасно да ја прикаже меѓународната позиција на Република Српска, тој ја посети и Москва на 23 мај.

Во таа прилика, лидерот на босанските Срби беше примен од рускиот претседател, со што предизвика многу контроверзи и остра реакција на Европската служба за надворешни работи предводена од високиот претставник Жозеп Борел, кој во соопштение коментираше за инцидентот во кој се наведува дека одржувањето блиски врски со Русија е некомпатибилно со процесот на интеграција на балканската земја во ЕУ.

Односите со Кина се исто така многу цврсти. Република Српска неодамна потпиша нови градежни договори со кинески компании, и создаде поблиски врски меѓу двете земји.

Сите декларации од страна на Европската унија, претседателот Додик ги посочува како „западни притисоци“ кои го спречуваат развојот на Република Српска.

Подготвено од М.Н.

About Author