16.08.2023 Скопје
Mazda Motor Corporation ги објави финансиските и продажните резултати за првиот квартал, известувајќи за глобална продажба од 309.000 возила во периодот од 1 април до 30 јуни 2023 година, што е за 32 отсто повеќе од претходната година.
Во Европа, продажбата во првиот квартал е зголемена за 46 отсто во однос на претходната година, односно на 44.000 возила, што претставува пазарен удел од 1,1 отсто, односно зголемување од 0,3 отсто во однос на првиот квартал од претходната година. Обемот на продажба на Mazda во Северна Америка се зголеми за 58 проценти на 95.000 единици. На домашниот пазар на Mazda, Јапонија, продажбата достигна 42.000 единици, што е зголемување од 70 отсто во споредба со претходната година.
За првиот квартал од оваа фискална година, Mazda објави нето-продажба од 7,3 милијарди евра, што е раст од 77 отсто во однос на претходната година и оперативен профит од 200 милиони евра. Нето приходот е 248 милиони евра.
Позитивното влијание на големите модели, вклучително и Mazda CX-60 во Европа и Mazda CX-90 во Северна Америка, резултираше со тоа што Mazda предвидува глобална продажба за целата фискална година од 1,3 милиони единици, со продажба од 189.000 единици во Европа. Mazda за оваа фискална година предвидува и нето-продажби од 32,4 милијарди евра, оперативен приход од 1,3 милијарди евра и нето приход од 935 милиони евра.
Mazda ќе продолжи да ја развива својата стратегија за електрификација за да се усогласи со брзо менувачките прописи за животната средина и постојано да се движи кон јаглеродна неутралност. Тие го вклучуваат новиот модел MX-30 R-EV, кој ќе биде лансиран подоцна оваа година на европските пазари како едно од повеќенаменските решенија за електрификација на Mazda, како и неодамнешниот ангажман на Mazda со Panasonic Energy во однос на среднорочно до долгорочно партнерство со снабдување со цилиндрични литиум-јонски батерии во согласност со политиката за управување на Mazda до 2030 година.
Подготвено од А.Ѓ.