04.08.2023 Скопје
Експертите предупредија дека отекувањето на лицето може да биде еден од симптомите на рак на белите дробови.
Може да се појави кога туморот врши притисок врз горната шуплива вена која ја поврзува главата со срцето. Тенките ѕидови на оваа витална вена ја прават ранлива на компресија, а студиите покажуваат дека повеќето случаи на опструкција на горната шуплива вена се предизвикани од рак на белите дробови.
„Во некои случаи, ракот може да се прошири и на блиските лимфни јазли, кои отекуваат“, објаснуваат лекарите кои додаваат дека овој вид на рак е многу тешко да се препознае на самиот почеток.
Но, со постепен развој и ширење на оваа смртоносна болест се појавуваат таканаречени системски симптоми како нагло губење на апетит и општ замор. Други симптоми кои може да укажуваат на рак на белите дробови вклучуваат:
– кашлица која се влошува со текот на времето;
– проблеми со дишењето;
– чести инфекции како бронхитис или пневмонија;
– болка во коските;
– главоболки;
– вртоглавица и губење на рамнотежа;
– жолтица;
– грутки на вратот.
Подготвено од А.Ѓ.