https://www.facebook.com/footballfederationofmacedonia/photos/6399956426704478

10.08.2023 Скопје

Поранешниот тренер на Црвена звезда Миодраг Божовиќ–Гроф ќе го замени Благоја Милевски и ќе се обиде да ја врати нашата сениорска селекција во борбата за пласман на следното Европско првенство 2024, најавуваат медиумите во Србија.

Искусниот стратег нема да има лесна задача, македонската репрезентација е во група со два големи фаворити Англија и Италија, и Украина која чека шанса да дојде до едно од двете места кои водат на континенталниот шампионат.

Претходните резултати на македонската репрезентација очигледно ги принудија првите луѓе од Фудбалската федерација да му се заблагодарат на поранешниот селектор Милевски за соработката и да го заменат со познато тренерско име.

Доколку се покажат како точни ваквите информации од соседството, тогаш Божовиќ своето деби ќе го има на 9 септември кога на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Италија во европските квалификации.

Подготвено од М.Н.

About Author