vselena

09.08.2023 Скопје

18-годишна студентка на шкотскиот Универзитет во Абердин и нејзината мајка ќе патуваат во вселената оваа недела откако на лотарија освоија место на вториот комерцијален лет на Virgin Galactic.

Анастасија Мајерс и нејзината мајка Киша Шахаф ќе бидат првите мајка и ќерка кои летаат во вселената. Тие, исто така, ќе бидат првите луѓе од Карибите кои ќе го направат патувањето. Тој ќе полета од Ново Мексико во четврток.

Киша била на пат за Обединетото Кралство за да ја договори визата за студирање на ќерка си во Британија, а одеднаш на нејзиниот лет од Антигва до Лондон се појавил оглас.

„Ја пополнив томболата и потоа одеднаш, неколку месеци подоцна, добивам писма во кои пишува „ти си меѓу најдобрите 20 финалисти“, потоа меѓу првите пет и на крајот дека јас сум победничката“, вели таа. „Одеднаш, кој влегува во мојот двор? Ричард Бренсон. Целиот тим само упадна во мојата куќа велејќи „ти си победникот, ќе одиш во вселената“.

Анастасија вели дека нејзината одлука да отпатува од Карибите за да студира во Шкотска довела до можност да оди во вселената.

„Да не го избрав по случаен избор Универзитетот во Абердин и да не требаше да одиме на огромно заобиколување за да ја добиеме мојата виза – немаше да одиме во вселената“, вели таа.

Студентката по филозофија и физика од втора година вели дека одењето да студира во Шкотска било една од најголемите одлуки во нејзиниот живот, но тоа „доведе до прекрасни работи што се случуваат“.

Мисијата, наречена Галактик 02, е втор комерцијален вселенски лет на Virgin Galactic и прв со клиенти кои плаќаат. Огласената цена беше 450.000 долари.

Мисијата Галактик 01 беше спроведена во јуни и достигна височина од 85 километри. Се смета дека друга мисија ќе се обиде да го следи истиот пат.

Анастасија, која ќе биде втората најмлада личност која ќе отиде во вселената, вели дека се надева дека може да го искористи искуството за да ги инспирира другите.

Киша додава: „За мене и мојата ќерка заедно тоа е повеќе од остварување на сонот“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author