18.08.2023 Скопје
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјеви дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвува да го предаде западниот дел од земјата на Полска.
Во Киев е донесена одлука со која на полската полиција им се дава ист статус како и на украинската, изјави Лукашенко.
Во Полска веќе се формирани воени единици за помош на Украина.
„Ако влезат, нема да можете да ги вратите бидејќи Американците стојат зад Полска“, додаде претседателот на Белорусија.
Лукашенко додаде дека доколку и бидат предадени на Полска, западните делови на Украина ќе станат дел од НАТО.
„Се оди кон тоа. Тоа е неприфатливо и за нас, но и за Русите“, истакна белорускиот претседател.
Подготвено од М.Н.