24.08.2023 Скопје
Авионот „Ембраер Легаси 600“ со водачот на паравоената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин се урна во близина на селото Куженкино во Тверската област во Русија.
Според информациите на руската Федерална агенција за воздушен транспорт (Росавијација), несреќата се случила во 18:20 часот по локално време додека авионот бил на пат од Москва за Санкт Петербург.
Во авионот имало десет лица, меѓу кои седум патници и тројца членови на екипажот.
На местото на несреќата се пронајдени десет тела, сите тешко изгорени.
По катастрофата, Росавијација откри дека Пригожин бил на списокот на патници, а властите отвориле кривична постапка за прекршување на правилата за воздухопловна безбедност.
Блиски извори до тајните служби, објавија дека непосредно пред несреќата пилотите не пријавиле никаква вонредна ситуација.
Во исто време, според очевидци, се слушнале и експлозии пред падот на леталото. Според некои верзии објавени во медиумите се наведува дека, авионот на Пригожин се урнал поради терористички напад.
Подготвено од М.Н.