11.08.2023 Скопје
Ветеринарните служби во Кипар почнаа да користат анти-ковид апчиња, од залихи првично наменети за луѓе, за да го спречат ширењето на корона вирусот меѓу мачките.
Кипарското Министерство за здравство почна да го спроведува лекувањето на 8 август, Меѓународниот ден на мачките, за кој се надева дека ќе стави крај на ширењето на вирусот што уби илјадници мачки во земјата.
Локалните власти соопштија дека во земјаta ќе пристигнат 2.000 пакувања или 80.000 антиковидови таблети. Кипар бележи алармантно зголемување на случаите на инфективен перитонитис кај мачки (FIP) предизвикан од корона вирусот, кој, ако не се лекува, речиси секогаш е фатален. Вирусот првпат беше забележан во јануари во Никозија, а за неколку месеци се прошири низ целиот остров.
Здружението за заштита на мачки на Кипар неодамна објави дека од јануари, околу 300.000 мачки, припитомени и скитници, умреле како резултат на пренос на FIP.
Од друга страна, локалните власти велат дека се работи за „претерување“, и дека се евидентирани 8.000 смртни случаи.
Кипар е познат по големата популација на мачки. Легендата вели дека мачките ги донела Света Елена, мајката на римскиот император Константин Велики, која наредила да ги испратат од Палестина и Египет за да го ослободат островот од отровните змии.
Подготвено од А.Ѓ.