16.08.2023 Скопје
Финска ќе добие 242 милиони евра од Европската комисија за да го создаде најголемото складиште на материјали во ЕУ за да помогне во справувањето со разни видови итни случаи, соопшти финското Министерство за внатрешни работи.
Материјалите ќе се чуваат во резерва за итни случаи кои вклучуваат хемиски, биолошки, радиолошки или нуклеарни (CBRN) кризи, несреќи и закани, особено во Северна и Источна Европа, изјави Тарја Рантала која ќе биде одговорна за овој проект.
Магацинот ќе го земе предвид и искуството стекнато за време на пандемијата на коронавирус.
Резервите што ќе се чуваат во складиштето се дел од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, каде главен е Координативниот центар за одговор при итни случаи (ERCC) лоциран во Брисел.
Откако барањето за помош ќе биде одобрено од ERCC, Финска ќе активира мерки кои ќе овозможат собирање на материјалот од магацините и негово подготвување за транспорт во рок од 12 часа, објаснуваат од финското Министерство за внатрешни работи.
Подготвено од М.Н.