evropska granica

01.08.2023 Скопје

Граѓаните на Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора или Северна Македонија треба да имаат пари, покрај биометриски пасош, за да патуваат во земјите-членки на ЕУ и земјите потписнички на Шенгенскиот договор.

Секој патник мора да има сума од 50-70 евра за секој ден престој во земјите на ЕУ.

Граничните служби може да бараат доказ за поседување средства за престој во одредена земја или информации за адресата каде што ќе престојува патникот.

При патување во земјите-членки на ЕУ и земјите потписнички на Шенгенскиот договор, граѓаните на трети земји мора да поседуваат патна исправа (пасош) што важи најмалку три месеци од датумот на нивниот планиран престој во земјите-членки на ЕУ или во земјите потписнички на Шенгенскиот договор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author