avstrija

15.08.2023 Скопје

Пред неколку дена членови на австрискиот Финанцмат извршија инспекција на аеродромот Швехат, каде првенствено ги проверуваа случаите на измами поврзани со социјалните бенефиции.

За само еден ден биле откриени 42 сомнителни случаи. Според соопштението на Министерството за финансии, во фокусот на истрагата на истражителите на Државната криминалистичка полиција, полициските службеници во Швехат и финансиската полиција, првенствено била злоупотребата на надоместокот за невработеност, боледувањето, итна помош, минималното обезбедување и основните услуги.

Имено, според законот, лицата кои примаат социјална помош во Австрија се должни да го пријават престојот во странство во локалните канцеларии бидејќи немаат право да бараат социјална помош за периодот поминат надвор од државата.

„Социјалните услуги мора да бидат достапни за оние на кои навистина им се потребни. Целните контроли ја спречуваат злоупотребата и ја штитат ефикасноста на општествениот систем“, нагласи министерот за внатрешни работи Герхард Карнер (ÖVP).

Како што пренесуваат медиумите, многу невработени Австријци регистрирани во Австриската државна служба за вработување (АМС) не можат да ја напуштат земјата. Всушност, тие можат, но под одредени услови.

„Можат да ја напуштат државата, но за тоа време мора да се одјават од АМС. Законот за осигурување во случај на невработеност предвидува да останат во државата, а бидејќи немаме море, можете да одите во нашите локални езера, но не до море. Секако дека може да аплицирате за годишен, но за тоа време не можете да добивате надоместок за невработеност“, објаснува шефот на АМС, Јоханес Копф.

Меѓу нив, значителен број од земјите од поранешна Југославија. Министерот Карнер рече дека во изминатите пет години биле откриени измами со социјални бенефиции кои изнесуваат „тешки“ 89 милиони евра.

Како што нагласи Карнер, дури 72 отсто од откриените измами на општествениот систем во Австрија ги направиле странци кои дошле во оваа алпска земја.

Во првата половина од годината криминалистичката и финансиската полиција евидентирала околу 2.200 случаи – дури 28 отсто повеќе отколку во 2022 година.

Од вкупно 2.288 осомничени, речиси три четвртини (72 отсто) се странски државјани. Повеќето од нив се од Авганистан, Сирија, Украина, Србија и Босна и Херцеговина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author