21.08.2023 Скопје
Би било одлично ако можеме да си легнеме рано навечер секоја вечер и да се будиме целосно одморени наутро.
Сепак, сите знаеме дека многумина од нас го немаат тој луксуз и дека темпото на живот, како и обврските, често не ни дозволуваат да се одмориме колку што би сакале.
Ретко кој успева да си легне пред полноќ, а сигурни сме дека знаете како е да се будите со непријатни чувства како замор и недостаток на енергија.
Сепак, научниците во бројни студии утврдиле колку е важно за здравјето да се задоволат два клучни фактори на спиење: количината на сон и одржување на конзистентност во следењето на биолошкиот ритам.
Според нашата биологија, идеално е да спиете порано навечер и да станете порано наутро. Овој распоред е во согласност со изгледот на дневната светлина, како резултат на што многумина почнуваат да се чувствуваат уморни веднаш по зајдисонце.
Истражувањата исто така докажаа дека луѓето се најпоспиени помеѓу 13 и 15 часот попладне и помеѓу 2 и 4 часот по полноќ, а квалитетниот ноќен сон е клучот за спречување на преголемото чувство на замор во средината на работното време.
За возрасните се препорачува минимум седум часа сон во текот на ноќта, а соодветно се одредува најдоброто време за спиење. На пример, ако треба да станете во 6 часот, времето за одмор е најдоцна до 23 часот.
Друг важен фактор е конзистентноста. Затоа, доколку лежите секој ден околу 23 часот, важно е да се држите до овој ритам и за време на викендот. Доцното легнување за време на викендот и подолгото останување во кревет може значително да го наруши ритамот и квалитетот на сонот во недела.
Подготвено од А.Ѓ.