01.08.2023 Скопје
Безбедносните сили на Кипар спасија 73 мигранти, меѓу кои 11 деца, на околу 22 километри од брегот и ги вратија назад во Либан. Меѓу мигрантите имало девет жени и 53 мажи.
Бродот на кој се наоѓале бил во опасност да се преврти три дена претходно, се вели во извештајот.
Репатријацијата на мигрантите се случи во договор со владата на Либан, која Кипар ја смета за безбедна трета земја.
Мигрантите вчера беа вратени во Либан. Кипарското МВР не ја пријавило националноста на мигрантите.
„Бегалските кампови во оваа мала островска земја се преполни, постојано“, истакнува владата во Никозија.
Кипар, земја членка на Европската унија, бара помош од Брисел. Според европската статистика, минатата година Кипар добил најмногу барања за азил во однос на бројот на жители од сите 27 земји-членки на ЕУ.
Подготвено од А.Ѓ.