19.08.2023 Скопје
Кинеската војска започна воени вежби во близина на Тајван, истакнувајќи дека тоа е „сериозно предупредување“ до сепаратистичките сили поради посетата на потпретседателот Вилијам Лаи на САД.
Пекинг го смета Тајван за дел од својата територија, на што тајванската влада се противи, а Лаи кој е фаворит на претседателските избори кои ќе се оддржат во јануари, вчера се врати од посетата на САД.
Тајванското Министерство за одбрана остро ги осуди воените вежби на Кина, велејќи дека ќе испрати соодветни сили да одговорат и дека има способност, решителност и доверба да обезбеди национална безбедност.
Во април, Кина исто така организираше воени вежби во близина на Тајван, откако лидерката Цаи Инг-вен се врати од Калифорнија, каде што се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти на враќање од Централна Америка.
Подготвено од М.Н.