poplavi kina

09.08.2023 Скопје

Пекинг беше погоден од рекордни дождови во последните недели, каде триесет и три лица загинаа, а 18 се водат како исчезнати, соопштија кинеските власти.

Властите во Пекинг во петокот соопштија дека 147 лица загинале и исчезнале како последица на природни катастрофи во јули, а неколку десетици луѓе загинале и во поплавите што го погодија и северот на Кина.

Кинеските власти поради овие рекордни дождови предупредуваат и стравуваат од ширење на заразни болести и уништувањето на културите во руралните области.

Некои градови се уште се борат да го вратат снабдувањето со вода за пиење по најголемите поплави во последните шест децении, соопштија кинеските власти.

Подготвено од М.Н.

About Author