https://www.flickr.com/photos/mildchina/9605621088/in/photolist-fCPjuG-9SwFvM-4UiBha-kHCYu-2dxi45x-3v9wLs-4rX4YE-8iBVrM-Fhx9i9-duEVU7-ddJff-kHDyg-zKBu5e-51S67y-GVWL8-kHEsW-bLXaJR-d6TMaw-GZPGPA-cq7BmN-drsJzh-6NNxhi-AhmXM-kHCHE-25dF3q-2XKSnC-5QJ44P-9ZygvN-NBUaro-PvKge-A8yYL-7d2Dka-8HPe-YCbPus-KsRo5k-7mbiC2-RHi47k-3cDWii-CrLfd3-2Q8vm6-dA9Z5y-29Lfuf9-kHEHf-8U4Zoy-LNevY-4NMsdp-2hgnZy-5GKrCQ-cJUL7J-duEPVJ

31.08.2023 Скопје

Кинеската влада денеска одобри технолошкиот гигант Баиду да ја понуди својата платформа за вештачка интелигенција (AI) ErniBot на пошироката јавност почнувајќи од 31 август.

Така Баиду стана првата компанија која доби вакво одобрение од регулаторните органи.

Компанијата може да го инсталира ErniBot, кој наликува на ChatGPT, во прелистувачи и други производи, дозволувајќи им на многу производи да добијат удел на пазарот додека чекаат одобрение од кинеските регулатори.

Во јули, кинеската Администрација за сајбер-простор објави дека провајдерите кои сакаат да понудат услуги на јавноста ќе мора да поминат низ безбедносни проценки и дека регулаторите ќе се обидат да го поддржат развојот на технологијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author