kina sad oruzje

25.08.2023 Скопје

Продажбата на оружје од САД на Тајван е сериозно прекршување на принципот „Една Кина“ и трите заеднички коминикеа САД-Кина, особено она од 17 август 1982 година, изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг Вебин, коментирајќи ја одлуката на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да одобри нова испорака на оружје на Тајван за сума од 500 милиони долари.

„Овие продажби сериозно го кршат меѓународното право и основните норми кои ги регулираат меѓународните односи, како и суверенитетот и безбедносните интереси на Кина“, изјави портпаролот.

Ванг додаде дека испораките на оружје од САД ја влошуваат нестабилната ситуација во Тајванскиот теснец и ја повтори позицијата на Пекинг дека островот е „неотуѓив дел од кинеската територија“.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден оваа недела одобри продажба на системи за оружје на Тајван во вкупна вредност од 500 милиони долари, што сигнализира дополнително зголемување на воената поддршка за островот и покрај приговорите на Кина.

Според американското Министерство за одбрана, продажбата ќе вклучува инфрацрвени системи за таргетирање и други системи за ловци-бомбардери Ф-16.

Подготвено од М.Н.

About Author