14.08.2023 Скопје

Истрагата, која според некои пратеници може да има импликации за идната улога на британските војници во африканската земја, ќе ги испита активностите на единицата за обука на британската армија во Кенија (Батук).

Некои војници вработени во оваа единица се обвинети за убиства, сексуална злоупотреба и оштетување на земјиштето во близина на базата, лоцирана во Нањуки, околу 200 километри северно од главниот град Најроби.

Ова е првпат активностите на британската војска да се оценуваат на ваков начин откако земјата стекна независност од Обединетото Кралство во 1963 година.

Парламентарниот комитет за одбрана на Кенија, кој ја спроведува истрагата, ќе покрене повик за поднесување петиции кон крајот на овој месец за секое наводно злосторство или прекршок извршено од страна на британската војска, а официјалната истрага ќе започне во октомври.

Комитетот ќе го покани највисокиот врв на Батук да одговори на наводите и се очекува да поднесе извештај за своите наоди до парламентот подоцна оваа година.

Извештајот ќе содржи препораки кои би можеле да имаат импликации за договорот за одбрана на Кенија и Обединетото Кралство кој им овозможува на британските трупи да тренираат во Кенија.

Според Нелсон Коех, претседател на парламентарната комисија за одбрана, ова ќе има сериозни последици за договорот за соработка во одбраната, бидејќи ќе има многу активности кои што ќе бидат против продолжување на активностите на британските трупи.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *