08.08.2023 Скопје
Воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави пронајдоа опасни канцерогени нивоа на подземна локација за контрола на лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) во Монтана.
Оваа информација ја соопшти Командата на воздухопловните сили за глобалниот напад, во која се прецизира дека откритието е „прво направено по обемната активност на земање примероци од базите на американските интерконтинентални балистички ракети, за да се одговори на специфичните стравови поврзани со ракот на членови на ракетните сили“.
Конкретно, нивоа над официјалниот безбедносен праг на полихлорирани бифенили, со токсичност споредлива во некои случаи со онаа на диоксинот, беа откриени на две локации за лансирање во воздухопловната база Малмстром во Монтана.
Во соопштението се прецизира дека воздухопловните сили веќе наредиле да се спроведе мелиорација.
На почетокот на оваа година, американските медиуми објавија воен извештај кој покажа дека на девет војници и поранешни војници во базата Малмстром им бил дијагностициран не-Хочкинов лимфом, ретка малигна неоплазма на лимфното ткиво.
Според извештајот, најмалку 268 војници кои служеле во американските ракетни бази биле дијагностицирани со рак, а на најмалку 33 со не-Хочкинов лимфом.
Според Американското здружение за рак, од почетокот на американската програма Minuteman ICBM, од вкупно 21.000 воен персонал кој служел во американските ракетни бази, секоја година во САД се дијагностицираат просечно 19 случаи на не-Хочкинов лимфом.
Подготвено од М.Н.