18.08.2023 Скопје
Овој знак е најстар од ваков вид во Лисабон и се верува дека е најстар во светот.
Тој е и единствениот од вкупно 24 чие поставување го наредил кралот Педро Пацифико.
Сообраќајните знаци се дел од нашето секојдневие и сите можеме да се согласиме дека без нив би било многу потешко и поопасно да се користи сообраќајот. Иако сите ние го земаме здраво за готово постоењето на патокази, тие сепак мораше да се создадат во одреден момент од човечката историја.
Интересен историски факт е дека првиот патен знак или сообраќаен знак е создаден токму за да се избегнат кавги меѓу кочијари, грофови, барони и познати благородници.
Кралот Д.Педро II (1648-1706) во 1686 година наредил да се постави плоча со правило на ѕидот на куќата во лисабонскиот кварт Алфама, која требала да ги разреши сите недоумици во врска со движењето во тесен премин.
На плочата пишува дека кралот Педро II наредил оној што се качува по ридот кон замокот да има предност пред оној што се спушта, а вториот бил принуден да се повлече и да го чека преминот.
Ова правило важело за вагони и други видови возила што минувале низ улиците на Лисабон во тоа време.
Подготвено од А.Ѓ.