23.08.2023 Скопје
Јужна Кореја ќе ги одржи своите први цивилни вежби за воздушна одбрана во последните шест години, во услови на растечки нуклеарни и ракетни закани од Северна Кореја, соопштија локалните медиуми.
Овие вежби се клучен елемент на годишните вежби за цивилна одбрана „Улчи“, кои се одржуваат заедно со вежбите „Штитот на слободата на Улчи“.
Вежбите за цивилна одбрана Улчи беа започнати во 1969 година по нападот на севернокорејските командоси врз претседателскиот комплекс во Сеул, а властите изградија околу 17 илјади засолништа низ земјата.
Во рамките на вежбите ќе се огласи сирена за воздушен напад што ќе го поттикне населението да ги напушти улиците околу 15 минути пред да се укине сигналот за тревога, соопшти МВР и безбедност.
Се додава дека пешаците ќе мора да одат директно во засолниште или блиска подземна зона, додека возачите во околу 200 области низ земјата мора да застанат покрај патот.
Здравствените установи и јавниот превоз ќе работат вообичаено.
Во одредени региони кои се граничат со Северна Кореја, се очекува жителите да мора да следат дополнителни сценарија, вклучувајќи хемиска, биолошка и радиолошка обука, носење гас-маски и друго, објави Министерството.
Подготвено од М.Н.