fukushima

24.08.2023 Скопје

Јапонија го започна долгиот и контроверзен процес на испуштање на деконтаминирана вода во Тихиот Океан, складирана со години во Фукушима, местото на нуклеарната катастрофа што се случи во Јапонија во 2011 година.

Почетокот на процедурите за истовар, кои според проценките на Токио ќе продолжат триесет години, ја одобри јапонската влада во вторникот, на крајот на состанокот на министрите со кој претседаваше премиерот Фумио Кишида.

Операциите започнаа на „внимателен и ограничен“ начин, врз основа на постепен процес кој вклучува разредување на кубен метар пречистена вода со морска вода, мерење на концентрацијата на тритиум и последователно испуштање во океанот.

Овој процес треба да доведе до испуштање на 31.200 кубни метри деконтаминирана вода во Тихиот Океан до крајот на март 2024 година, количина еднаква на само 2,3 отсто од вкупно складираните околу централата Фукушима во текот на една деценија.

Во неделата Кишида ја посети нуклеарната централа Фукушима, а следниот ден се сретна со претставници на Националната федерација на риболовни кооперативни здруженија, кои најмногу стравуваат од потенцијалните еколошки и економски ефекти од процесот на деконтаминирана вода.

МААЕ исто така најави отворање на теренска канцеларија во Фукушима за да ги надгледува деликатните операции на истовар.

Гроси изјави дека МААЕ е свесна за стравувањата на локалните заедници и на соседните земји, и токму поради оваа причина континуирано ќе ги надгледува процедурите за истоварување и ќе обезбедува ажурирања во реално време.

Подготвено од М.Н.

About Author