14.08.2023 Скопје
Во Крушево, оваа година се одбележува 120 години од раѓањето на Никола Мартиновски, се навршуваат 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на Галеријата Мартиноски.
Овој јубилеј, како и неговото творештво и допринос кон македонската современа уметност беа доволен мотив да 8 млади дизајнери се приклучат на дигиталната ликовна колонија во Крушево и изработат креативни решенија. Под менторството на уметникот Зоран Кардула, дизајнерите инспирирани од уметничкиот стил на Мартиноски креираа дела со помош на дигиталните алатки.
Нивните дела ќе бидат изложени и ќе може да се погледнат на 15 август 2023 во Крушевската чаршија и на 18 август 2023 од 12.30 часот во Галеријата „Никола Мартиноски“.
Подготвено од А.Ѓ.