16.08.2023 Скопје
Различни реакции предизвикаа зборовите на Стијан Јенсен, шеф на кабинетот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој изјави дека Украина може да се откаже од територии за да добие членство во Атлантската алијанса.
Јенсен, кој зборуваше за време на тркалезна маса во Арендал, Норвешка, одговори на прашање поставено од новинар во кое тој праша дали НАТО смета дека Украина треба да отстапи територии за да постигне мир со Русија и да се приклучи на НАТО во иднина .
Јенсен, сепак, подоцна појасни дека „останува Украина да одлучи кога и под кои услови да ги започне преговорите“.
Јасно е дека овие изјави не беа поздравени од властите во Киев.
„Изјавите дека Украина може да стане членка на НАТО во замена за отстапување на некои територии се целосно неприфатливи“, напиша Олег Николенко, портпарол на Министерството за надворешни работи на Украина, на својата Фејсбук страница.
Позицијата на НАТО за поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е јасна и не е променета, изјави портпаролот на Атлантската алијанса, и додаде дека НАТО ќе продолжи со поддршката кон Украина се додека тоа е потребно, односно до постигнување праведен и траен мир.
Подготвено од М.Н.