28.08.2023 Скопје
Изборите во Украина може да поминат без проблеми во 2024 година, и покрај војната и воената состојба, доколку финансискиот товар што тие го претставуваат го делат западните сојузници на Киев, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски истакна дека нема да организира избори во државата на кредит или пак да зема пари од армијата на Украина.
Доколку западните сојузници обезбедат финансиска поддршка, и ако пратениците донесат одлука за избори, за да се промени законодавството, ќе го превземеме следниот чекор за организирање на избори, додаде Зеленски.
Воената состојба во Украина, која истекува на 15 ноември, во моментов го спречува одржувањето на избори, но по наведениот датум државните органи треба да донесат одлука, дали ќе се воведе нов датум на воена состојба или ќе се организираат избори.
Подготвено од М.Н.