03.08.2023 Скопје
Во согласност со владината одлука со цел да се зголеми транспарентноста на цената на горивото, италијанските бензински пумпи почнаа да прикажуваат регионални и просечни цени заедно со нивната цена на производот.
Тој чекор следеше по неколкумесечна фаза на планирање, откако на крајот на март беше донесена „Одлуката за транспарентност“.
Италијанскиот министер Адолф Урсо изјави дека ресорното министерство отсега ќе ги следи цените на бензините и дизелот на дневно, а не на неделно ниво и ќе ги објавува на својата веб-страница, потенцирајќи дека сега секој потрошувач ќе може да провери дали плаќа натпроселна цена за некој производ.
Според новите правила, бензинските пумпи на автопатиштата мора да прикажуваат и просечни цени на национално ниво, додека другите мора да го прикажуваат регионалниот просек.
Во вторникот просечната цена на државата на бензините беше 1.984 евра, а на дизелот 1.854 евра за литар.
Поскапувањето на горивата веќе подолго време е тема во Италија, а нагло поскапување е забележано во последните две недели. Во некои региони цената на бензинот надмина и две евра за литар.
Подготвено од А.Ѓ.