28.08.2023 Скопје
Роберто Манчини е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија, соопштија тамошните спортски медиуми.
Презентацијата на новиот селектор ќе се одржи во денеска попладне во 17 часот по локално време.
Манчини, кој има потпишано договор до 2027 година и кој ќе добива хонорар од околу 25 милиони евра годишно, без данок, ќе дебитира на 8 септември во Њукасл против Костарика.
Манчини кој беше селектор на италијанската репрезентација, поднесе оставка на 13-ти овој месец.
Подготвено од М.Н.