31.08.2023 Скопје
Ако некогаш сте фантазирале да се преселите на остров, еве ја вашата шанса. Италијанската влада одвои 45 милиони евра за 3.000 луѓе кои се подготвени да се преселат на Сардинија.
Овој магичен остров, втор по големина во Средоземното Море, е познат по своите песочни плажи и тиркизното море, но ова мало парче рај се соочува со опаѓање на населението бидејќи се повеќе млади луѓе заминуваат во големите градови.
Оние кои сакаат да ја искористат поддршката мора да се преселат во општини со помалку од 3.000 жители, а сите приматели на поддршката се обврзани со добиените пари да купат или реновираат куќа.
Куќа на Сардинија може да се купи за неверојатна цена од 1 евро, а корисниците мора да живеат во нивниот нов имот и да аплицираат за постојан престој на Сардинија во рок од 18 месеци по пристигнувањето.
Италија се соочува со големи демографски предизвици, што е особено видливо во руралните области. Минатата година беше објавена информација дека на Сардинија се раѓаат најмалку деца во целиот свет. Исто така, се предвидува дека просечната возраст на Италијанците ќе се зголеми од 45,7 години на 50,7 години до 2050 година.
Инаку, интересно е да се знае дека на Сардинија живеат голем број стогодишници. Дури 500 луѓе се постари од 100 години, што го прави овој остров уште понеобичен.
Подготвено од А.Ѓ.