dron iran nov

22.05.2023 Скопје

Иран денеска го претстави новиот дрон со долг дострел, наречен „Моhajer 10“, на Националниот ден на одбранбената индустрија.

На церемонијата на претставување присуствуваше и иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Моhajer 10 има домет од 2.000 километри и се очекува да може да лета до 24 часа на височина од 7.000 метри.

Новото иранско беспилотно летало има сличности со дронот Reaper од американско производство и може да носи товар до 300 килограми, како што се проектили.

Оперативните способности на дронот ќе и овозможат на Исламската Република да се заканува на Израел или американските сили на Блискиот Исток.

Иранските беспилотни летала беа во центарот на вниманието во последните две години затоа што Иран наводно и испорачувал на Русија беспилотни летала камикази од моделот Shahed 136, тврдење кое Техеран го негираше.

Подготвено од М.Н.

About Author