plazha grcija

03.08.2023 Скопје

Министерот за економија и финансии Костис Хаѕидакис издаде наредба за интензивирање на инспекциите по службена должност или по претставки од граѓани кои пријавуваат дека слободните плажи се нелегално окупирани од лежалките на баровите и рестораните.

За време на инспекциите спроведени на островот Парос, по поднесените претставки од граѓаните за две плажи, биле констатирани значителни прекршоци и веднаш биле издадени наредби за отстранување на три бизниси од конкретните плажи.

Граѓанското движење за слободни плажи започна на островот Парос и брзо се прошири и на другите грчки острови со барања да се отстранат нелегалните лежалки кои ги поставиле баровите и рестораните на плажите за да има поголем простор за граѓаните.

Од Граѓанското движење за слободни плажи истакнаа дека се загрижени за беззаконието и непристојноста на плажите од компании кои „експлоатираат делови од плажите и произволно го зафаќаат заедничкиот простор со лежалки и чадори, далеку над границите предвидени во договорите за концесија што ги потпишаа“, потенцирајќи дека како движење го бранат правото на граѓаните и посетителите „на нашиот остров да имаат слободен пристап до плажите што ги сакаме“.

Движењето успеа да го привлече вниманието на обвинителството кое веднаш реагираше и излезе со меморандум во кој се вели дека „непречен пристап до плажите е стандарден за ова лето“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author