30.08.2023 Скопје
Индексот на потрошувачките цени (CPI) во Шпанија во месец август порасна за 2,6 отсто на годишно ниво и за 0,5 отсто во однос на јули, соопшти Националниот институт за статистика (INE).
Тоа е втор последователен месец во кој инфлацијата во Пиринејската земја се забрзува (+2,3 отсто годишно во јули) по значителното забавување во јуни (+1,9 отсто годишно).
Цените на горивата го поттикнуваат поскапувањето, но сепак, Шпанија останува една од земјите со најниска инфлација во еврозоната.
Подготвено од М.Н.