17.08.2023 Скопје
Годишната инфлација во Велика Британија достигна 6,8% во јули, што е намалување од 7,9% претходниот месец, објави статистичкиот институт (Ons).
Падот го очекуваа аналитичарите и има знаци дека трошоците за живот конечно може да почнат да паѓаат во ОК, откако вчерашните податоци открија дека платите се зголемиле за 7,8 отсто годишно помеѓу април и јуни.
Падот на инфлацијата забележан за месец јули покажува дека „решителната акција“ што ја презеде владата се исплати дури и ако таа се уште не дојде до финишот, изјави британскиот канцелар на финансии Џереми Хант.
„Треба да се држиме до нашиот план да ја преполовиме инфлацијата оваа година и да ја вратиме на целта од 2 проценти што е можно поскоро“, додаде Хант.
Подготвено од М.Н.