01.08.2023 Скопје
Италијанскиот институт за статистика – Истат објави дека според прелиминарните податоци, годишната стапка на инфлација во Италија паднала на 6,0 отсто во јули од 6,4 отсто во јуни.
Пазарите очекуваа малку повисока јулска инфлација од 6,1 отсто.
Главни придонесувачи за предизвикот на годишната стапка на инфлација беа побавниот раст на цените на услугите во транспортот – за 2,4 отсто во однос на јунските 4,7 отсто, цената на енергетските производи – за 7,0 отсто од јунските 8,4 отсто, како и преработена храна и алкохол – за 10,9 отсто во однос на јунските 11,5 отсто.
Спротивно на тоа, јулската годишна инфлација порасна во категоријата непреработена храна – за 10,4 отсто од јунските 9,4 отсто, како и кај услугите поврзани со домувањето – за 3,6 отсто наспроти јунските 3,5 отсто.
Годишната базна стапка на инфлација падна на 5,2 отсто во јули од 5,6 отсто во јуни.
На месечно ниво инфлацијата е зголемена за 0,1 отсто во однос на јули.
Главниот индекс на италијанската берза (Borsa Italiana) во Милано, FTSE MIB, вчера во 14 часот достигна 29.714,3 поени, што е највисоко во последните 15 години.
Подготвено од А.Ѓ.