07.08.2023 Скопје
Германското индустриско производство падна за 1,5 отсто во јуни во однос на претходниот месец, соопшти Сојузниот завод за статистика (Дестатис), според кој има намалување дури и во однос на јуни 2022 година од 1,7 отсто.
Што се однесува до мај минатата година, по ревизијата на прелиминарните резултати, производството остана речиси непроменето на -0,1 отсто во однос на април, додека бројката е идентична и во годишниот извештај.
На квартално ниво, пак, производството од април до јуни беше за 1,3 отсто пониско во однос на претходните три месеци, стои во соопштението на заводот за статистика.
Подготвено од М.Н.