09.08.2023 Скопје
Индиското Министерство за одбрана одлучи барем делумно да го укине оперативниот систем Мајкрософт од своите компјутерски мрежи и да усвои национална алтернатива, Маyа Оs, на негово место, објавија локалните медиуми во таа земја, според кои министерството има намера да ја намали ранливоста на своите мрежи на вируси и сајбер напади.
Според напредокот, транзицијата кон новиот оперативен систем ќе започне на експериментална основа на некои терминали веќе на 15 август.
Њу Делхи верува дека Maya OS, базиран на платформа со отворен код, ќе помогне да се зајакне безбедноста на одбранбените информативни мрежи.
Новиот оперативен систем беше развиен за само шест месеци од владина агенција, а беше специјално опремен со дополнителни безбедносни карактеристики за откривање и заштита на крајните точки.
Засега, индиската морнарица одлучи да го усвои новиот оперативен систем, додека Армијата и воздухопловните сили се уште се зафатени со оценување на транзицијата.
Индија ги засили напорите да ги заштити своите чувствителни компјутерски мрежи, откако истрагата откри напад кој им се припишува на кинеските хакери против системите во Институтот за медицински науки „All India“ во Њу Делхи во ноември минатата година.
Подготвено од М.Н.