04.08.2023 Скопје
Во текот на вчерашниот ден, Хрватска испрати протестна нота до Црна Гора за одбележувањето на 90-годишнината од училишниот брод „Јадран“, едреник што Хрватска упорно се обидува да го врати од 1991 година.
Белата едрилица долга шеесет метри е изградена во 1933 година и оттогаш до 1991 година била заведена во списоците на флотата на хрватските пристаништа. Исплови на ремонт во Црна Гора во 1991 година, потоа беше регистриран во матичното пристаниште Сплит и се уште е во таа земја.
Црна Гора од минатата недела со низа настани ја прославува 90-годишнината на бродот, поради што Министерството за надворешни и европски работи во нота го изрази „најсилниот протест“.
Во соопштението на Министерството за надворешни и европски работи се наведува дека присвојувањето туѓ имот е спротивно на заедничките обичаи, меѓународното право и европските вредности за кои Црна Гора се има опреденло.
Официјален Загреб ја повика Подгорица да даде приоритет на билатералното решавање на судбината на тој брод, „симбол на вековната хрватска поморска традиција“ и да избегнува „еднострани активности кои се спротивни на напорите за изнаоѓање трајно решение во духот на добрососедските односи, принципите на почитување и меѓународното право“.
Подготвено од А.Ѓ.