hawai golemi pozari

11.08.2023 Скопје

Гувернерот на Хаваите Џош Грин изјави дека 53 лица загинале во пожарите во Мауи и дека бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми, бидејќи над 1.000 се водат за исчезнати.

Повеќе од 11.000 луѓе веќе се евакуирани од островот, а околу „80 отсто“ од градот Лахаини е уништен, како да бил погоден од бомба, додаде Грин.

Повеќе од 1.770 згради се уништени во популарната туристичка дестинација, за што ќе бидат потребни многу години и милијарди долари за обнова, изјавија властите на Хаваи.

Гувернерот Грин додаде дека пеколот што го претвори Хаваи во урнатина е најлошата природна катастрофа во историјата на државата, која остави илјадници луѓе без покрив над главата.

Пожарите, делумно поттикнати од ветровите од ураганот Дора, ги преплавија екипите за итни случаи во Мауи каде единствениот број за итни случаи повеќе не работи.

Заменик-гувернерот на островот апелираше до населението да ги слушаат и да ги следат наредбите на властите.

Подготвено од М.Н.

About Author