03.08.2023 Скопје
Како дел од протестот против плановите за издавање нови дозволи за нафта и гас во Северното Море, климатските активисти на „Greenpeace“ се искачија на семејната куќа на британскиот премиер Риши Сунак и ја покрија со црна ткаенина.
Британската полиција е „присутна“ во домот на Риши Сунак во Кирби Сигстон, Јоркшир.
Портпаролот на премиерот рече: „Не се извинуваме што го преземаме вистинскиот пристап за да ја обезбедиме нашата енергетска безбедност, користејќи ги ресурсите што ги имаме овде дома за никогаш да не се потпираме на агресори како рускиот претседател за нашата енергија“.
Британскиот премиер моментално е на одмор во Калифорнија. Тој се соочи со критики од климатските групи и активисти за најавата дека ќе бидат доделени стотици нови дозволи за нафта и гас за дупчење во Северното Море.
Демонстрантите се искачија на куќата на Сунак користејќи скали и јажиња за качување, а ткаенината беше сликана како ја покрива целата страна на имотот.
New oil would be catastrophic for the climate and won’t lower energy bills or increase our energy security.
So we’re on @RishiSunak‘s roof to ask him a simple question:
Who’s side are you on – Big Oil profits or our future on a habitable planet?#StopRosebank #NoNewOil pic.twitter.com/vmBIHcurbh
— Greenpeace UK (@GreenpeaceUK) August 3, 2023
Двајца други активисти развирија транспарент на кој пишуваше „Риши Сунак – профит од нафтата или нашата иднина?“ пред вилата на Сунак.
Подготвено од А.Ѓ.