08.08.2023 Скопје

Во предградието на грчката престолнина, во пресрет на првиот натпревар од прелиминарното коло од Лигата на шампионите што ќе се одигра вечерва во Атина, при тепачка на грчки навивачи на фудбалскиот клуб Аек Атина со навивачи на хрватскиот клуб Динамо Загреб, има жртви, соопшти грчката полиција.

Во жестоки судири вчера вечерта се нашле групи на навивачи, предизвикувајќи најмалку осум повредени, тројца Грци и пет Хрвати, а еден од навивачите им подлегнал на повредите, соопшти полицијата.

Грчката полиција утрово уапсила 96 лица кои биле учесници во жестоките судири меѓу приврзаниците на двата клуба. Според информациите објавени на грчките медиуми, грчкото обвинителство одлучило да отвори истрага и уапсените ќе бидат сослушани од јавниот обвинител.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *