01.08.2023 Скопје
Републичкиот завод за статистика објави дека во јуни годинава во Србија имало 372.635 туристи, што е за 4,7 отсто повеќе во однос на истиот месец од 2022 година.
Домашни туристи имало 175.820, што е за 8,7 отсто помалку, а странски туристи имало 196.815 или 20,5 отсто повеќе.
Остварени се 1.085.711 туристички ноќевања, за 0,9 отсто повеќе од јуни лани.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи изнесува 606.059, што е за 5,6 отсто помалку, а бројот на ноќевањата на странските е зголемен за 10,4 отсто и изнесува 479.652.
Во првата половина од годинава во Србија имало 1.849.829 туристи, што е за 13,9 отсто повеќе од лани во истиот период.
Домашни туристи имало 956.467 или за 2,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани и 893.362 странски туристи што е зголемување за 30 отсто.
Вкупниот број на ноќевања на туристи изнесува 5.518.552, што е за 10,5 отсто повеќе од лани.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи изнесува 3.011.688, што е за 2,1 отсто повеќе, а остварени се 2.506.864 ноќевања на странски туристи, што е за 22,6 отсто повеќе.
Подготвено од А.Ѓ.