16.08.2023 Скопје
Во најновото истражување на Институтот за економски истражувања IFO од Минхен се наведува дека голем број германски компании се повеќе бараат квалификувани работници.
Резултатите од истражувањето спроведено во 9.000 германски компании покажуваат дека 43,1 отсто од компаниите пријавиле недостаток на квалификувани работници во јули.
Во априлското истражување, 42,2 отсто од компаниите во Германија пријавиле исти проблеми, се наведува на веб-страницата на организацијата.
„Многу германски компании, и покрај забавената економија, сè уште очајно бараат квалификувани вработени“, вели експертот на МФО, Стефан Зауер.
Компаниите првенствено бараат нови работници во услужниот сектор.
Во правните и сметководствените услуги, 75,3 отсто од компаниите не можат да најдат соодветни кандидати, а околу две третини од компаниите од областа на транспортот, архитектурата и инженерството тврдат дека им недостига квалификувана работна сила.
Кај производителите на ИТ опрема погодени се 43,1 отсто од анкетираните компании, а кај производството на машини овој процент е 40,9 отсто.
Во трговијата и градежништвото нешто помалку од една третина од компаниите се жалат на недостиг од квалификувани работници.
Подготвено од А.Ѓ.