https://www.facebook.com/photo.php?fbid=413827780940288&set=pb.100069392071612.-2207520000.&type=3

29.08.2023 Скопје

Германски истражен тим има досие со докази кои укажуваат дека нападот на Северен поток го извршиле украински диверзанти.

Германските истражувачки новинари имаат податоци како што се IP адреси кои покажуваат дека напаѓачите биле во Украина и пред и по нападот.

Исто така, веќе беше познато дека диверзантите користеле јахта што ја изнајмиле со фалсификувани пасоши и дека испловувале од Росток.

Истражувачите ја проверуваат и можноста дека се работи за руска операција изведена на начин да им се припише на Украинците. Тие сметаат дека мала е веројатноста субверзивните Украинци да работеле сами.

Како што соопштија од меѓународните разузнавачки кругови, идејата на Киев била да го прекине главниот извор на приход на Русија и нејзиниот најважен инструмент за уцена на германската влада.

Разузнавачките податоци укажуваат и за планиран напад на Турски тек под Црното Море, кој води кон Турција, а потоа кон Србија и другите балкански земји.

Подготвено од М.Н.

About Author